Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез одново ќе игра на европската сцена откако официјално стана ново засилување на Рајо Валекано, тимот од Мадрид за кој повеќе години настапуваше македонскиот голман Столе Димитриевски.
Триесетитригодишникот како слободен играч се враќа во Мадрид каде во минатото настапуваше за Реал Мадрид од 2014 до 2020 година со тоа што помина и две години на позајмица во Баерн Минхен. Во Европа беше дел и од Порто, Монако, Евертон и Олимпијакос, а настапуваше и за Ал Рајан и Сао Паоло.
Дебито во дресот на Рајо Валекано ќе го има против Барселона.
✅ 𝐎𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | @jamesdrodriguez , nuevo jugador del Rayo Vallecano
👑 El MVP de la Copa América 2024 llega al Club en la temporada del Centenario
¡Bienvenido, James! ⚡️ pic.twitter.com/fBiXdSTJKg
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) August 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА