Хамилтон ги остави сите без збор со својата постапка: „Не сум позитивен, и…“

На неколку денови пред почетокот на новата Ф1 сезона, ФИА се одлучи да го одложи стартот на натпреварувањето откако еден од членовите на МекЛарен е позитивен на коронавирусот.

На Инстаграм повторно се огласи Луис Хамилтон за кого се шпекулираше дека можеби е заразен. Но, Хамилтон порача дека некое време е веќе во карантин и дека нема никакви симптоми, поради што одлучил своите тестови да ги подари на некој на кого му се неопходни.

„Имаше многу шпекулации. Во изолација сум и немам никакви симптоми. Добро се чувствувам и тренирам двапати дневно. Разговарам со доктор и прашав дали треба да се тестирам, а тој ми кажа дека нема потреба. Тестовите кои ги имам сега ги подарувам на некого на кого навистина му се потребни затоа што знак дека е ограничен бројот на тестови во Велика Британија. Се надевам дека на тој начин ќе помогнам некому“ – соопшти Хамилтон.

Се вчитува...