Хамилтон: Каква пензија…, имам уште многу за освојување

Најдобриот Ф1 возач на денешницата, Луис Хамилтон не размислува за пензија. Во досегашниот дел од шампионатот Мерцедес оствари осум победи и се е поблиску до освојување на шестата титула светски шампион.

Со оглед на одличните возења и одличниот болид со кој располага, Британецот нема намера да се запре во блиска иднина.

„Еден ден ќе застанам, но моментално се чувствувам одлично физички и ментално. Нема планови за пензија. Имам уште многу пред себе, уште многу титули за освојување. Морам уште да победувам“ – вели Хамилтон.

Се вчитува...