Хамилтон: Ќе бидам машина во новата сезона

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон објави дека во 2020 година ќе го крене своето ниво. Во последните години Ферари озбилно му се закани на Мерцедес и на Луис Хамилтон. Сепак, тие закани останаа само на хартија бидејќи италијанските тим во некои моменти самиот се уништуваше.

„Ќе бидам машина оваа година. Ќе бидам на повисоко ниво од кога било претходно. Ќе ширам позитивнва енергија и љубов каде и да отидам“, напиша Хамилтон на инстаграм. 

Новата сезона во Формула 1 почнува со трката за главната награда на Австралија које е закажана за 15. март.

 

Се вчитува...