Хамилтон на пол позиција на последната Ф1 трка во Абу Даби

Луис Хамилтон кој веќе ја има обезбедено шампионската титула во Формула 1 ќе тргне од пол позицијата на последната трка од сезоната за Големата награда на Абу Даби. Тој имаше најдобар резултат во денешните квалификации на завршниот викенд од најбрзиот шампионат. За пилотот на Мерцедес ова е шеста пол позиција сезонава, 88. вкупно во кариерата.

Валтери Ботас имаше втор резултат, но нема да биде во првиот ред со Хамилтон бидејќи доби казна, па друштво на шампионот ќе му прави Макс Ферстапен.

Возачот на Ферари, Себастијан Леклер, кој имаше шанса за пол позицијата не го извозе вториот летечки круг во третата квалфикациска сесија откако необјасниво не успеа да тргне во предвиденото време за старт.

Луис Хамилтон уште пред две трки ја обезбеди шестата шампионска титула и е само на еден трофеј зад рекордерот, Михаел Шумахер.

 

 

 

 

Се вчитува...