Хамилтон: Најдобро е кога се победува дома

Со рекордниот шести триумф на Силверстоун, актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон повторно сеодлепи на сигурна дистанца во генералниот поредок пред тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас. Хамлтон сехга има 38 бода повќе.

Тој стана рекордер според борјот на победи на британското Гран-при, надминувајќи ги Џим Кларк и Алан Прост.

„Кога ќе постигнеш вакво нешто и ги гледаш сите тие британски знамиња чувството е неверојатно, едноставно најдобро. Цело време сеобидував да дојдам до знаме, си велев „некој нека ми даде знаме“. Еден ден кога ќе погледнам назад, сликата од билидот со британското знамето че ми предизвикува насмевка се до последниот ден од животот“ – изјави Хамилтон.

За Хамилтон успехот на Силверстоун беше седми во актуелнава сезона, и 80-ти вкупно во кариерата. СЛеден предизвик за него и за останатите Формула 1 пилоти, по две седмици е трката за Големата награда на Германија.

Се вчитува...