Хамилтон: Ова не е нормално, трката во Австралија треба да се откаже

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, јавно побара да биде размислено за одложување на стартот на сезоната. Ф1 возачите пристигнаа во Австралија, но огромна е загриженоста меѓу нив дека може да дојде до ширење на коронавирусот, со оглед на фактот дека и трката е предвидено да се одржи со фанови на трибините.

„Да бидам искрен, изненаден сум што сме овде. Сите сакаме да се тркаме, но ова не е нормална ситуација. Гледаме како се откажуваат цели лиги во фудбал, повеќе не се игра кошарка во НБА, претседателот Трамп ги затвора границите на САД, а ние треба да се однесуваме како се да е нормално. Гледам луѓе овде што се однесуваат како се да е ОК, а на сите ни е јасно што се случува. Има пет членови на Ф1 тимови што беа во карантин и им се вршеа тестови, а резултатите се очекуваат дури в недела, откако ќе заврши трката. Се е повеќе од јасно – решаваат парите“, изјави Хамилтон.

Ставот на Хамилтон го делат сите Ф-1 возачи, но засега одлуката е трката да се води според предвиденото, в недела наутро по европско време.

Се вчитува...