Хамилтон со победа во Абу Даби шампионски ја заврши Ф1 сезоната

Со триумф на завршната трка од Формула 1 шампионатот, трката за Големата награда на Абу Даби, шампионот Луис Хамилтон победнички ја заокружи сезоната во која дојде до шестиот пехар во кариерата. Тој беше неприкосновен на денешното натпреварување и ја забележа 11. победа во оваа сезона. Британецот дојде до 84. триумф во кариерата и е само на седум победи помалку од рекордерот Михаел Шумахер кој има и една титула повеќе.

Каква трка, каков викенд, завршивме одлична работа. Можам само да му се заблагодарам на тимот и секако на навивачите“ – изјави Хамилтон по тирумфот.

Макс Ферстапен на Ред Бул сезоната за ја зaвршува со второто место на подиумот, а на него позиција има и за возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше третопласиран. Вториот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас, заврши на четвртата позиција.

Во вкупниот поредок, зад старо-новиот шампион Хамилтон, на второто место завршува тимскиот партнер од Мерцедес, Валтери Ботас, а третата позиција му припаѓа на Ферстапен. И тимот на Мерцедес повторно ја освојува титулата во конкуренција на конструктори.

Новата сезона ќе има 22 трки, а почнува во март следната година.

 

Се вчитува...