Хаос пред клучниот меч: Играчите со услов за селекторот, па тој им одржа лекција!

Уште една голема репрезентација е во огромни проблеми пред клучниот натпревар за пласман во 1/16-финалето на Светското првенство. Уругвај ќе брка позитивен резултат против Шпанија, а со победа, дури би завршил на првото место во групата.

По два одиграни натпревари, Уругвајците имаат два освоени бода откако ремизираа против Саудиска Арабија и Зеленортските Острови.

Според медиумите од оваа земја, во уругвајската репрезентација пред натпреварот против Шпанија имало целосен хаос.

Станува збор за многу несогласувања меѓу селекторот Марсело Биелса и групата играчи. Серхио Роше, Ману Угарте, Родриго Бенданкур и Феде Валверде побарале приватен разговор со селекторот за да му кажат лице в лице дека не им се допаѓа стилот на тренирање.

Покрај тоа, наводно не им се допаѓа формацијата, ниту составот што го избрал Биелса за натпреварот против Шпанија.

Играчите се пожалил на интензитетот на тренинзите, кои довеле до повреди на некои од нивните соиграчи.

Дополнително, тие упатиле посебно барање до својот тренер, а тоа е да играат против Шпанија со низок блок и на контра.

Биелса наводно побарал сите играчи да се соберат, излегол на теренот и 48 минути само молчел и го гледал теренот.

После тоа, тој пред сите отворено посочил дека некои играчи се обиделе да го сменат по проблемите со Суарез и Нандез. А, дополнил дека ги изградил кариерите на Касерес и Макси Араухо и дека тој, и само тој, ќе одреди како ќе се игра против Шпанија.

Конечно, го завршил својот говор велејќи дека играчите кои се поканети на Светското првенство се оние кои му се лојални.

Се вчитува...