Хаос во Велес: Пресметка на одбојкарите на Шкендија и публиката (ВИДЕО)

Инцидент на одбојкарски натпревар во Велес. Дуелот помеѓу Борец и Шкендија, кој заврши со победа на велешани со 3-2, заврши со инцидент откако одбојкарите на тетовскиот тим се пресметуваа со гледачите во салата „25 мај“ во Велес.

Ова беше средба од полуфиналето во плеј-офот. Имало навреди, тепање, фрлање со столици, а на крајот дел од актерите на теренот и од гледачите завршиле во полициска станица каде што давале искази.

Засега нема информации за евентуално потешко повредени, иако можеше да се види од видеото дека има и од едната и од друга страна фрлање на тврди предмети и од трибината на теренот и обратно.

Се вчитува...