Харден го одби најбогатиот договор во историјата на НБА

Џејмс Харден е цврсто решен да си замине од Хјустон, доказ за тоа е и неговото одбивање на најновата понуда за продолжување на соработката со „ракетите“, со што „брадата“ ќе станеше првиот кошаркар со годишна плата од над 50 милиони долари.

Управата на Хјустон му понуди на Харден двогодишен договор за плата од вкупно 103 милиони долари, но одличниот поентер е решен да ги промени клупските бои и да се пресели во Бруклин.

„Харден во изминатиот период интензивно разговараше со Дурнт и со Ирвинг, по што донесе одлука да се пресели во Бруклин. Хјустон му ја понуди највисоката можна понуда, но тој ја одби без размислување. Тоа е доволна порака“, пишуваат американските медиуми.

Џејмс Харден има уште три години од актуелниот договор со Хјустон, па интересно ќе биде да се види како Бруклин ќе успее да договори трампа со „ракетите“ и дали во преговорите ќе биде вклучен и трет клуб.

Се вчитува...