Харден ќе формира чудесно трио во Бруклин?

Џејмс Харден сериозно ја разгледува можноста за заминување од Хјустон и преселба во редовите на Бруклин, тим што покажува огромни амбиции. Раководството на Нетс минатото лето ги доведе Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, а сега по целосното оздравување на Дурант од тешката повреда „мрежичките“ сакаат да формираат „трио фантастико“ со ангажман на Харден.

Хјустон не успеа да ја реализира зацртаната цел да стигне до шампионски прстен, прв настрада генералниот менаџер, а се очекува до крајот на годинава да си заминат и Вестбрук и Харден, со што „ракетите“ би свртеле нов лист. Преговорите со Бруклин ќе стартуваат наскоро, а се очекува во понудата за Харден да бидат вклучени четири кошаркари: Спенсер Динвиди, Ларис Леверт, Туријан Принс и Џерет Ален.

Доколку размената се реализира Харден би добил можност повторно да заигра крај Дурант, по соработката што двајцата ја имаа во Тандер од 2009 до 2012 година. Дурант има две титули со Голден Стејт, Кајри Ирвинг исто така има шампионски прстен, а Харден како дел од ова трио би имал огромни шанси за и тој да се закити со најважниот трофеј во НБА-лигата.

 

Се вчитува...