Харден незапирлив за Далас, дуелот на браќата Гасол му припадна на постариот

Koшаркарите на Хјустон без поголеми проблеми запишаа победа на гостувањето против Далас со 97-104.

Триумфот го обезбедија со одлична игра во третата четвртина кога стигнаа до предност и од 18 поени. Далас се обиде да се врати во игра во последниот период, но не успеа во тоа, па на крајот загуби.

Џејмс Харден мечот го заврши со 25 поени и 13 асистенции, додека Клинт Капела исто така имаше „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 13 скока. На спротивната страна одличен беше Метјус со 29 поени.

Сан Антонио дојде до сигурна победа против Мемфис од 108-85. По Гасол беше најдобар кај Спарси со 14 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека Пети Мајлс постигна 15 поени.

На спротивната страна Мемфис беше предводен од Марк Гасол со 18 поени, но недоволно да ја загрози победата на братот и Сан Антонио.

Се вчитува...