Хари Кејн: Ќе го ставам дресот oд Роналдо во рамка

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн не се запиша во листата на стрелци против Реал Мадрид, но од „Сантијаго Бернабеу“ замина со најубавиот подарок, дресот од неговиот идол, Кристијано Роналдо. „

Златната копачка“ од Премиер-лигата беше импресиониран од најдобриот фудбалер на светот, па по крајот на средбата ги разменија дресовите, а Кејн истакна дека ќе го стави во рамка дресот на Роналдо.

„Од Мадрид заминав со убави спомени. Имав можност да заиграм против мојот идол, Кристијано Роналдо. Тој е комплетен фудбалер, вистинска машина. По мечот го прашав да ги размениме дресовите, тоа многу ми значеше. Прво не знаев што да правам со дресот, но одлучив да го ставам во рамка и ќе го закачам на посебно место во мојот дом“, вели Кејн.

Се вчитува...