Хари Кејн, конечно, заминува од Тотенхем

Хари Кејн ова лето конечно може да замине од Тотенхем. Планот на лондонскиот тим да се вклучи во игра за освојување на трофеи пропадна и под водство на Антонио Конте па „петлите“ веќе немаат адути во ракавот да го задржат англискиот репрезентативец кој и во минатото посакуваше промена на средината.

За услугите на Кејн се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Реал Мадрид, три клуба на кои очајно им се потребни засилувања во нападот, но за било кој од нив да започне преговори мора да искешира 100 милиони евра на сметката на Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.

Лудиот план на раководството на „петлите“ сепак се чини дека брзо ќе пропадне бидејќи неговиот договор истекува на крајот на следната сезона по што ќе биде слободен да ја бира новата средина. Во таква ситуација Тотенхем нема простор за наметнување на услови бидејќи лесно може да остане без цент за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Се вчитува...