Напаѓачот на Баерн Минхен и на англиската репрезентација, Хари Кејн, откри дека сериозно размислува да се испроба и на најпопуларниот спорт во САД, НФЛ-лигата.
Според Кејн, евентуалната преселба во МЛС лигата, би можела да му го олесни патот до НФЛ и тоа како кикер.
„Тоа е нешто за што ќе познам посериозно да размислувам. Се зависи од тоа како ќе тече мојата фудбалска кариера во наредните пет-шест години. НФЛ е многу пореална опција од играњето голф за мене“, изјави Кејн.
Тој смета дека искуството до изведување пенали би му помогнало да се снајде во евентуалната улога на кикер, иако е свесен дека промената на спортот бара големи подготовки.
„Изведувам пенали, а притисокот и техниката се слични како во НФЛ. Што се однесува до тренинзите, тој спорт е поблизок до фудбалот отколку било кој друг спорт. Сепак, сите спортови пред ТВ екраните изгледаат лесно, мислите дека можете и вие да ги играте, но најчесто тоа не е случај. Доколку би се одлучил да се испробам во НФЛ, на тоа би пристапил многу сериозно, најверојатно би ми биле потребни помеѓу шест месеци и една година тренинзи“, вели Кејн.
Сепак, евентуалната преселба во НФЛ ќе почека бидејќи Кејн се уште нема намера да се откаже од елитниот фудбал. Преговорите за продолжување на договорот со Баерн Минхен се во тек, и наскоро се очекува и официјална потврда за потпис на нов договор.
„Водиме добри преговори, останаа уште неколку детали да се договорат. Среќен сум во Баерн и мислам дека нема да се чека многу за официјална потврда“, додаде Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
