Хасани кариерата ќе ја продолжи во ХЈК Хелсинки

Македонскиот фудбалски интернационалец, Ферхан Хасани кариерата ќе ја продолжи во Финска, во екипата на ХЈК Хелсинки. На официјално претставување Хасани изјави дека е среќен што ќе настапува за тим кој има голема традиција.

„Среќен сум бидејќи ќе играм за Хелсинки. Се работи за клуб со голема традиција. Имам големи очекувања за следната сезона“, изјави Хасани. 

Хасани минатата сезона играше во Ал Раед, а во кариерата настапуваше и за екипите на Шкендија, Волфзбург и Бронби. За македонската репрезентација забележа 38 настапи на кои двапати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...