Хаверц: Не заслужуваме 11. место на табелата

Напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц проговори за моменталната позиција на неговиот тим на табелата во Премиерлигата. Германецот смета дека неговиот тим не го заслужува тоа место, и дека треба да се бори за врвот.

Вчера Челси одигра бе голови против Ливерпул, во меч во кој покажа очајна реализација, а им беа поништени два гола после прегледувањето на ВАР.

„Ова е тежок момент, секогаш е така кога тренерот го напушта клубот. Не е лесно, затоа што наша работа е да победуваме, но кога менаџерот е отпуштен, мораме да ја преземеме и одговорноста за тоа. Мора да бидеме професионални и да ја прифатиме ситуацијата. Во лигата треба да се одиграат уште девет натпревари и Челзи не го заслужува 11. место на табелата. Не е убаво да се биде таму, но сите треба да се држиме заедно. Ние сме во четврт-финалето на Лигата на шампионите и треба да бидеме самоуверени. Ние сме меѓу најдобрите осум тимови во Европа“, изјави Хаверц.

Се вчитува...