Хави Мартинез ги реши „црвените ѓаволи“

Баерн Минхен успеа да ја пронајде победничката формула под водство на Нико Ковач. По двата порази на американско тло, од Јувентус и од Манчестер сити, Баерн Минхен успеа во пријателски меч да го совлада Манчестер јунајтед со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Хави Мартинез во 59.минута од натпреварот.

Јунајтед падна на типично англиска комбинација. Тијаго Алкантара изведе корнер од левата страна, а Хави Мартинез скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата.

И двете екипи беа без неколку значајни играчи кои се уште го немаат достигнато потребното натпреварувачко ниво, но, сепак, Баерн Минхен беше за нијанса подобар ривал и заслужено оствари триумф.

Се вчитува...