Хејнкес ги информирал играчите – летово заминува од Баерн Минхен

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, на крајот од сезоната и дефинитивно го напушта клубот и ќе стави крај на својата богата кариера. Тој го препороди баварскиот тим откако на клупата го наследи Карло Анчелоти, но веќе ги информирал играчите во соблекувалната дека ова ќе биде негова последна сезона, по што заминува во пензија. Хејнкес има 72 години и чувствува дека веќе не може да одговори на предизвикот што го носи пеколното работно темпо во Баерн Минхен, постојаните патувања, тренинзи и натпревари.

Раководството на клубот веќе е во потрага по нов тренер кој ќе го наследи Хејнкес на клупата од следната сезона. Се појавија шпекулации дека самиот стратег на Баерн Минхен го препорачал Кристијан Стрејх, тренерот на Фрајбург, но во опција се и Јирген Клоп, сегашнит менаџер на Ливерпул, Џулијан Нагелсман, тренерот на Хофенхајм, како и Томас Тухел, поранешниот стратег на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...