Хејнкес: Кога кажав јас дека ќе си заминам?!

Баерн Минхен чекори кон нова титула во Бундес-лигата, а големи заслуги за тоа има и тренерот Јуп Хејнкес, кој дојде во текот на сезоната, го препороди тимот менувајќи го Карло Анчелоти. Има најави дека тој ќе си замине по завршувањето на сезоната, медиумите веќе почнаа да лицитираат со имињата на можните наследници, но самиот Хејнкес изненади со својот одговор.

„Можам да ви кажам дека ништо уште не е одлучено. Јас никогаш не кажав јавно дека ќе си заминам на 30.јуни. Дали тоа вие сте го слушнале од мене? Не“, изјави Јуп Хејнкес во пресрет на денешниот дуел со Хамбургер.

Се вчитува...