Хејнкес: Не стравувам јас од Нико Ковач, вие немојте да го критикувате!

Јуп Хејнкес ги одработува последните натпревари на клупата на Баерн Минхен пред да го препушти кормилото на Нико Ковач, кој утре доаѓа со Ајнтрахт по важни бодови.

Судирот на германскиот и хрватскиот стручњак утре ќе биде увертира за тоа што ги очекува двата тима во финалето од Купот на Германија, кога Ковач ќе го брка својот прв тренерски трофеј.

„Необично е што ќе се сретнеме во финалето од Купот. Не стравувам јас од Нико Ковач. Тој е млад тренер и се надевам дека во Баерн ќе има успеси. Немој да бидете прекритични кон него, дајте му време“ – вели Хејнкес и дополнува:

„А мое е да победувам до крајот на сезоната. Треба да извлечеме и поуки од поразот од Реал во првиот меч од полуфиналето во ЛШ, но во Мадрид одиме и силно мотивирани за успех“.

Се вчитува...