Хејнкес подобар од Ковач: Актуелниот го надмудри идниот тренер на Баерн Минхен

Баерн Минхен славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 4-1 во 32. коло од Бундеслигата во пресметката која само претставуваше увертира на финалето од Купот на Германија во кое ќе се сретнат двете екипи.

Актуелниот тренер на баварскиот тим Јуп Хејнкес беше поуспешен од тимот кој во моментов го предводи идниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач.

Баерн дојде до предност од 2-0 со головите на Дорш во 43. минута и Вагнер во 76. минута.

Гостите намалија преку Халер во 78. минута, Рафиња во 87. минута зголеми на 3-1, а Никлас Шуле во 90. минута ги постави конечните 4-1.

РЕЗУЛТАТИ – 32. КОЛО

Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт 4-1

Фрајбург – Келн 3-2

Херта – Аугсбург 2-2

Шалке 04 – Менхенгладбах 1-1

Волфсбург – Хамбургер 1-3

Леверкузен – Штутгарт (18:30 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...