Хејнкес: Шансите за Реал Мадрид да го купи Левандовски се НУЛА!

Тренерот на Баерн Минхен Јуп Хенјкес, ги негираше сите шпекулации околу трансферот на Роберт Левандовски во Реал Мадрид, на прес – конференцијата во пресрет на првата средба со Севилја во четвртифиналето од Лигата на шампиони. Предводникот на „баварците“ вели дека Реал нема никакви шанси да го оствари ангажманот доколку раководството на Баерн одлучи да не го продаде својот голгетер.

Искусниот стратег потоа додаде дека очекува од Левандовски да остане во редовите на екипата од Минхен и да тргне кон „лов“ на неговиот рекорд по бројот на погодоци во Бундес – лигата.

„Доколку имав информации околу интересот на Реал за Левандовски немаше туку така да ги кажам. Но, знам како работат шпанските медиуми и знам дека има многу шпекулации околу овој случај. Меѓутоа, знам и како функционира раководството на Баерн, ако тие се одлучат да не прадаваат играч, така и ќе биде, што значи дека нема шанси да се оствари трансферот. Очекувам Роберт да остане уште долги години во клубот и да продолжи со својата форма, сигурен сум дека може и да ме престигне на листата стрелци во Бундес – лигата. Засега има 177, а ќе му требаат околу 2-3 години за да стигне до бројката од 220 погодоци, и да биде трет најдобар голгетер во историја на германскиот фудбал“, вели Хејнкес.

Се вчитува...