Хендерсон: Останува само да се молиме да се случи чудо

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон истакнува дека неговиот тим направил се што можел во борбата за титулата сезонава во Премиер-лигата. „Црвените“ имаат два бода повеќе од Манчестер Сити, кој вечерва игра против Лестер.

„Ќе го гледаме натпреварот и ќе се надеваме на чудо. Ние сме одличен тим, но и Сити се феноменални. Кој и да ја освои титулата тоа ќе биде заслужено. Не можевме да направиме ништо повеќе, немаме за што да жалиме. Можеме само да се молиме дека нешто ќе се случи во наша корист“, изјави Хендерсон. 

Доколку Манчестер Сити не успеа да слави против Лестер, избраниците на Јирген Клоп во последното коло ќе имаат шанси на домашен терен да ја освојата титулата, која навивачите на Ливерпул ја чекаат скоро триесет години.

Се вчитува...