Херера: Одиме на победа против Вардар

Градското дерби меѓу Работнички и Вардар ќе биде во фокусот на вниманието в недела, со почеток во 16.30 часот, во рамките на 33.коло од Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ се надеваат дека можат да стигнат до триумф против старо-новиот шампион, со оглед дека сакаат да го задржат третото место на табелата кое води сигурно во квалификациите од Лигата на Европа.

„Одиме на победа против Вардар. По победата во Кратово над Силекс, сакаме да продолжиме во победнички ритам и на преостанатите мечеви до крајот на првенството. В недела не очекува дуел со шампионот Вардар, што секако е мотив повеќе да одиграме најдобро што можеме. Имаме респект за противникот, но мислам и дека мотивите ќе бидат на наша страна. Имаме квалитет за да ги совладаме „црвено-црните“, тоа сме го покажале и досега“, изјави Себастијан Херера, левиот бек на Работнички, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...