Херој на денот: Блесок на Дембеле, Франција не е само Мбапе

Усман Дембеле дури 12 натпревари во низа немаше погодок за Франција на светските првенства, црна низа што големиот ас ја прекин со погодокот против Ирак во второто коло.

Кога притисокот од црната серија исчезна, Дембеле блесна во сиот свој сјај на синоќешниот дуел со Норвешка, постигнувајќи хет-трик во првото полувреме.

Три погодоци во свој стил, откако си создаде простор, потоа со силни и прецизни удари го матираше норвешкиот голман, како јасна порака до противниците – Мбапе не е единствениот од кој ќе треба да стравуваат на овој мундијал.

Се вчитува...