Еквадор од доцна синоќа го слави својот нов национален херој – Гонзало Плата е играчот што ги стопли срцата на целата нација со еден единствен потег, постигнувајќи го голот за водство против Германија. Погодок што се покажа клучен за Еквадорците да стигнат до победата со која го продолжуваат и настапот на ова светско првенство.
Еквадорците повеќе од десет години се немаа израдувано на триумф над ривал што доаѓа од Европа, а синоќа го сторија токму тоа, и тоа против моќната Германија.
Благодарение на Плата, кој се најде на вистинско место во вистинско време и успеа да го матира Мануел Нојер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
