Херој на денот: Кога е тешко, Мароко го има Унахи

Азедин Унахи беше херојот на Мароко во осминафиналната пресметка со Канада, во која Мароканците во второто полувреме постигнаа три погодоци, два од нив дело токму на Унахи.

Маестрални два удари кои канадскиот голман немаше никакви шанси да ги запре, и тоа во меч во кој Мароко се мачеше офанивно по повредата на Сабари, африканската селекција со право го слави асот на Џирона за ова МВП-издание.

А со вакви игри, јасно е дека Унахи нема уште долго да остане во Џирона и веднаш по СП ќе направи нов трансфер и чекор напред во кариерата.

Се вчитува...