Епитетот херој на денот можеби подеднакво ја засужија и Хари Кејн и Јури Тилеманс. Двајцата постигнаа по два гола во победите на своите селекции, но дефинитивно Хари Кејн е еден и единствен за Англија. Го спаси својот тим од рана елиминација од Конго на Мундијалот.
Кога Англија имаше негатива и кога не играше ништо, се разбуди голгетерот и постигна два гола, овозможувајќи и на Англија пласман во следната фаза.
И кога Англичаните имаа доста проблеми, се мачеа, се појави Кејн и со два гола донесе конечен триумф на својата селекција, оставајќи го жив сонот дека трофејот после 1966 година ќе се врати „дома“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
