Кристијано Роналдо неколку дена беше мета на жестоки критики од сите страни по оној прв дуел со Конго.
И како што тоа го прави низ целата кариера, Португалецот одговори на вистински начин – со маестрално издание на терен и два постигнати погодоци, за место во историјата како прв играч што се запишал меѓу стрелците на шест различни мундијали.
Оној првиот рутинерски, како безброј пати во кариерата, но многу важен за да се отвори резултатот во раната фаза од мечот и да се влезе во помирно продолжение….
Штета е што Кристијано не постигна и трет погодок, бидејќи со прикажанат игра дефинитивно заслужи и хет-трик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
