Меси одигра на своето вообичаено ниво на овој шампионат, но блесокот на Лисандро Мартинез беше оној клучен фактор што ја донесе победата на Аргентина на трилер-дуелот со Зеленортските острови.
Дефанзивецот кој ланската сезона имаше тешка повреда на коленото покажа колку е значаен за националниот тим, испрати магична асистенција до Меси за првиот гол, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците за 2-1.
„Искрено, по повредата на лигаментите сакав да се откажам од фудбалот, не гледав поента, премногу се мачев… Тоа ми беше тежок период, но потоа се роди ќерка ми, и некако добив баланс во животот. Се чувствувам прекрасно, имам самодоверба, тоа е очигледно секогаш кога ќе стапнам на терен“, прокоментира Лисандро по денешниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
