Херој на денот на СП: Мундијалско деби од соништата за Балогун

Никој не очекуваше Американците да делуваат така импресивно на стартот на овој мундијал, а најзаслужен е Фоларен Џери Балогун.

Погледите пред мечот можеби беа насочени кон Пулишиќ, но Балогун беше херојот на САД на дуелот со Парагвај, но и севкупно на вториот натпреварувачки ден.

Тој постигна погодок кон средината на првиот дел што му беше поништен поради минимален офсајд, но Балогун продолжи со импресивна игра, давајќи два гола до крајот на полувремето на својот прв меч на светските првенства во кариерата.

Асот на Монако покажа дека е во топ-форма за мундијалот, а доколку продолжи со вакви игри Американците можат да се надеваат на добар пласман на СП 2026.

Се вчитува...