Херој на денот: Никој никогаш како Лео Меси

Лионел Меси го користи овој светски шампионат за на секој нов натпревар да урне по некој нов мундијалски рекорд, тренд што продолжи и на вчерашниот дуел со Австрија.

Меси го мина Клосе на вечната листа и стана најдобар стрелец во мундијалската историја, воедно и стана трет во историјата со шест мундијалски меча во низа со по најмалку еден постигнат гол.

Што е следно од Меси… ќе видиме на наредниот дуел од групата во кој Аргентина за ривал ќе го има Јордан.

Се вчитува...