Херој на денот: Ојарзабал е идеалната „деветка“ на Шпанија

Шпанија има доминантен среден ред, опасни крила, но наоѓањето на напаѓач што ќе се вклопи во тој мозаик беше проблем за „црвената фурија“ уште од повлекувањето на Давид Виља.

Веќе тој проблем не постои, откако селекторот Де ла Фуенте го претвори Микел Ојарзабал во машина за голови, играч што одлично се снаоѓа во шеснаесентикот, постигнува погодоци, но и беспрекорно се движи отворајќи простори за соиграчите.

Сведоци на тоа бевме и против Австрија, дуел на кој асот на Реал Сосиедад со два гола го скрши отпорот на противникот и ја одведе Шпанија во осминафиналето.

На последните 15 натпревари во репрезентативниот дрес Ојарзабал има импресивни 16 гола и 7 асистенции, па јасно е зошто „црвената фурија“ веќе не може да се замисли пред овој голгетерот од Баскија на врвот од нападот.

Се вчитува...