Херој на денот: Салах блесна кога беше најважно

Египет не знаеше за победа од постоењето на светските шампионати, но „фараоните“ со победата над Нов Зеланд не само што се израдуваа на првиот триумф, туку и си го трасираа патот кон нокаут фазата на светските шампионати.

Мохамед Салах повеќе од една деценија се носи со очекувањата на нацијата на своите плеќи, но екс-фудбалерот на Ливерпул рано утринава блесна кога беше најважно, и донесе еуфорија меѓу „фараоните“.

Еден гол, една асистенција, пет удари кон противничкиот гол, пет искреирани шанси за соиграчите… бројки кои најдобро ја отсликуваат величината на Салах, херојот на денот на овој мундијал.

Се вчитува...