Херојот Алисон емотивен: Се надевам дека татко ми ме виде од рајот…

Алисон Бекер е авторот на најважниот гол за Ливерпул оваа сезона, откако бразилскиот голман втрча во шеснаесетникот на ВБА во 94. минута и со прецизен удар со глава донесе огромна победа со која „црвените“ си ги задржаа шансите за пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Алисон, кој пред неколку месеци доживеа семејна трагедија, голот го посвети на починатиот татко кој се удави во езеро во родниот Бразил.

„Ова е премногу емотивно. По се што ми се случи, на мене на моето семејство… Се надевам дека татко ми ме виде горе од рајот, ова е гол за него. Фудбалот е мојот живот… Не планирав да дојдам во шеснаесетникот, но тренерот на голманите викаше по мене, како да знаеше дека ќе дадам гол“, изјави емотивниот Бекер по натпреварот.

Се вчитува...