Херојот Фратези: Не сум најталентиран, но никогаш не се предавам… го направивме невозможното

Давиде Фратези ја имаше улогата на херој на Интер во вечерашинот трилер-дуел со Барселона во кој токму поранешниот фудбалер на Сасуоло влезе во игра во второто полувреме и го реши мечот со гол во првото продолжение од 15 минута.

Фратези вообичаено не е стартер кај Симоне Инзаги, но офанзивниот играч за врска уште еднаш покажа дека има значајна улога во овој тим на Интер, како играч способен да го промени текот на секој нтпревар.

„Ова е неверојатно, не знам што да кажам… Мислев дека не можам да се чувствувам поубаво по елиминацијата на Баерн, а сега се случи ова… Среќен сум што воопшто го завршив мечот, толку многу емоции, толку многу вложена енергија, благодарност до физиотерапевтите кои ни помогнаа на сите да избегнеме повреди. Мојот гол? Секогаш велам дека сум тука за тимот… Знам дека не сум најталентиран во екипата, но сите знааст дека последен од сите се предавам, тоа е мојата сила. Кога израмнивме на 3-3 им реков на соиграчите дека сигурно победуваме, пресреќен сум што тоа се оствари. Го направивме невозможното, ако се знае дека толку многу луѓе беа убедени дека Барса ќе стигне до финалето“, изјави Фратези веднаш по мечот.

Се вчитува...