Репрезентативецот на Еквадор, Гонзало Плата, по пласманот на неговиот тим во следната фаза од натпреварувањето изјави дека тешките моменти од групната фаза дополнително го зајакнале тимот и разбудиле уште поголема желба за успех.
Во 77. минута, напаѓачот на јужноамериканскиот тим успеа да се протне и да го совлада Мануел Нојер, водејќи го својот тим во нокаут фазата (2-1).
„Во првите два натпревари работевме напорно. Сакавме порано да обезбедиме место во елиминациската фаза, но сега сме уште погладни. Научивме дека мора да дадеме сè од себе до последната минута, дури и кога голот не доаѓа на време. И вечерва се боревме до самиот крај и, фала му на Бога, успеавме“, рече Плата.
Еквадорскиот напаѓач се осврна и на емотивниот момент што следеше веднаш по завршувањето на натпреварот, кога играчите заедно се помолија на центарот од теренот.
„Беше неверојатно. Имаме голема вера, веруваме во Бога и едни во други. Ние 26-мина сме подготвени да ги дадеме своите животи за сите луѓе што се со нас“, рече Плата.
Фудбалерот особено им се заблагодари на навивачите за нивната огромна поддршка за време на турнирот, нагласувајќи дека благодарение на нив, националниот тим се чувствувал како да игра дома.
„Навивачите ги исполнија стадионите каде и да игравме и нè натераа да се чувствуваме како дома. Тие го заслужуваат ова дури и повеќе од нас“, рече херојот на Еквадор.
На крајот, тој им се заблагодари на милионите Еквадорци низ целиот свет кои го следеа натпреварот и одговорија на неговиот повик да го носат жолтиот дрес во знак на поддршка на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
