Се сеќавате ли на Федерико Македа? Италијанската сензација која на Манчестер Јунајтед во 2009 година му ја донесе титулата во Премиер-лигата. Тој минатата сезона ја помина во грчки Панатинаикос, а сега е на радар на српскиот великан Црвена Звезда.
„Македа е некој кој го пратев уште додека беше во Јунајтед. Тогаш беше дете, мал, желен за докажување. Последната сезона во Панатинаикос ја одигра навистина добро. Не знам… Јас сум секојдневно во разговор со луѓето од клубот и работиме на сите полиња. Ако нешто биде, јавноста веднаш ќе биде информирана“, изјави Станковиќ.
Македа во август ќе напуни 29 години, а минатата сезона во дресот на Панатинаикос забележа 37 настапи на кои постигна 15 гола и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА