Херојот Ракитиќ: Нека гори цела Хрватска, ние сме во полуфинале

Иван Ракитиќ исто како и во осминафиналето со Данска, така и вечерва против Русија ја презеде одговорноста да го изведе последниот пенал, реализирајќи го како тоа да е најлесна работа во светот. А потоа – славјето почна, Хрватска по вторпат во историјата ќе игра мундијалско полуфинале.

„Мислам дека ова е неверојатно, сите сме пресреќни. Во второто полувреме бевме подобри, исто така и во продолженијата. Требаше да ја потврдиме победата, но ете – примивме гол. Не може со нас едноставно, такви сме и тоа е тоа. Како и да е, сега нека гори цела Хрватска, ние сме во полуфинале“ – еуфорично порача Ракитиќ по натпреварот.

Се вчитува...