Херојски „кам-бек на Дончиќ за Лејкерс, Јокиќ за малку до историски подвиг (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати на терените, и тоа фантастично. Словенецот постигна 44 поени, имаше 12 скока и шест асистенции во славјето на Лејкерс против Мемфис на отворањето на НБА Купот. Остин Ривс доде 21 поен. Имаше многу промени во водството, Лејкерси трпеливо ја топеа предноста на противникот и на крајот славеа. На Мемфис им беше потребен подобар Џа Морант за победа.

Само една систенција му недостасуваше на Никола Јокиќ да стане првиот кошаркар во историјата на НБА кој успеа на првите пет натпервари во сезоната да оствари „трипл-дабл“ учинок. Најдобриот српски кошаркар во дуелот против Портланд, постигна 21 поен, имаше 14 скока и девет асистенции, но тоа не беше доволно за триумф на Денвер, кој го загуби мечот со 107-109.

Тимот од Колорадо беше во целина подобар ривал. Јокиќ беше централна фигура на мечот. На теренот мина 37 минути, а во последната четвртина постигна само пет поени и запиша една аситенција. Многу подобро во завршницата се снајдоа кошаркарите на Портланд, и до триумф стигнаа со погодоците на Џереми Грент од линијата за слободни фрлања на 1,4 секунди до крајот.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Атланта 108:128
Филаделфија – Бостон 108:109
Кливленд – Торонто  101:112
Чикаго  – Њујорк 135:125
Мемфис  – ЛА Лејкерс 112:117
Феникс – Јута  118:96
Портланд – Денвер 109:107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 126:124

Се вчитува...