Хеведес се врати од Јуве во Шалке и пак си замина

Бенедикт Хеведес долги години беше капитен на Шалке, но со првата одлука за заминување од Гелзенкирхен во Јувентус го навлече на себе бесот на управата и на навивачите.

Германецот не се снајде најдобро во „старата дама“, или беше повреден или ја грееше клупата за резерви, па летово позајмицата беше прекината, а тој се врати назад во Шалке. Само накратко, бидејќи германскиот прволигаш експресно се ослободи од дефанзивецот, продавајќи го во Локомотив Москва.

Рускиот клуб плати пет милиони евра за овој искусен одбранбен фудбалер, по што Шалке даде зелено светло, Хеведес ги мина лекарските прегледи, за официјализација на трансферот и преселба во Русија на поранешниот германски репрезентативец.

Се вчитува...