Ливерпул ја нанижа и четвртата едноподруго победа во низа во Премиерлигата, триумфирајќи во 34. коло против Тотенхем во извонреден меч во битката за петтата позиција на табелата. Ливерпул славеше со 4-3 со голот на Диого Жота во 95. минута, откако претходно прокоцка и предност од 3-0.
„Црвените“ имаа неверојатни почетни 15 минути на натпреварот кога ги постигнаа сите три свои погодоци.
Најпрво, уште во 3. минута Џонс погоди за 1-0, а веќе во 5. минута Диаз зголеми на 2-0. Во 15. минута на 3-0 зголеми Мохамед Салах од пенал.
Потоа, Тотенхем се врати во игра, најпрво со голот на Кејн во 39. минута, а Сон Хунг-Мин во 77. минута намали на 3-2. Вистинска драма се случи во судиското продолжение кога Ричарлисон во 93. минута израмни на 3-3.
И кога се мислеше дека дуелот, на крај, ќе заврши без победник, Ливерпул со голот на Диого Жота во 95.минута дојде победа од 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА