Хјустон го прегази Голден Стејт, финалната серија се сели во Окленд

Кошаркарите на Хјустон славеа победа против голден Стејт со 127-105 и го изедначија резултатот во финалната серија од Западната Конференција на 1-1.

„Воините“ пред три дена направија брејк и можеа поопуштено да влезат во вториот натпревар иако целта им беше да запишат уште една победа. Но, домаќините одиграа многу подобро отколку на првиот меч и не дозволија и втор пораз.

Првата четвртина беше горе-долу, изедначена, другите три му припаднаа на Хјустон. Веќе во втората четвртина домашниот тим се одвои на 19 поени предност, а на полувремето имаа +14.

Во исто темпо продолжи и втората половина од дуелот во кој Хјустон ја одржуваше предност недозволувајчи му на противникот да се врати во игра. Во овој дел домачинитие стигнаа и до највискоки 29 поени разлика, а на крај натпреварот заврши со 127-105.

Ерик Гордон и Џејмс Харден со по 27 поени го предводеа Хјустон во победата. Кај гостинскиот тим лидерската улога ја имаше Кевин Дурант со 38 пое и три скока.

Финалната серија сега се сели во Окленд, третиот натпревар ќе се одигра по четири дена.

Се вчитува...