Хјустон го прегази Кливленд, нов пораз на Голден стејт

Кошаркарите на Кливленд играат очајно последниве неколку недели, а нова бламажа пред своите навивачи доживеаја против Хјустон кој славеше со 88-120.

И покрај тоа што првата ѕвезда на Рокитси, Џејмс Харден не беше расположен, гостите многу брзо се одлепија на двоцифрена разлика. За време на вториот период имаа предност и од 26 поени, а на одмор заминаа со 65-39. Во продолжението беше уште подобри за конечен триумф на крајот.

До победата ги водеше Крис Пол со 22 поени, 11 асистенции и 8 скока, додека Андерсон дополни со еден поен помалку исто така со осум скока. Кај домашните најефикасниот кошаркар постигна само 12 поени, а тоа беше Ајзеа Томас, додека Леброн Џејмс одигра катастрофален меч со само 11 поени.

Нов пораз доживеа и Голден стејт, овој пат од Денвер на гостински терен со 115-108. Домашни победи славеа и Детроит против Мајами, Индијана против Филаделфија и Минесота против Њу Орлеанс.

Вашингтон славеше на гости против Орландо, Јута славеше против Сан Антонио и Далас против Сакраменто со 15 поени на легендарниот Дикр Новицки.

Се вчитува...