Хјустон го „растури“ Њујорк, и петти пораз за Кливленд

Кошаркарите на Хјустон вечерва на гостински терен славеа против Њујорк со 97-119, во еден од мечевите од НБА лигата.

Предводник во триумфот на Хјустон беше Џејмс Харден со 31 поен, додека на спротивната страна најефикасен беше Тим Хардавеј јуниор со 23 постигнати поени.

Јута, пак, славеше против Портланд по едно продолжение со 112-103, во меч во кој Рики Рубио одигра извонредно. Рубио постигна 30 поени, додека на спротивната страна Дамијан Лилард имаше 33 поени, а босанскиот центар Јусуф Нуркиќ постигна 19 поени, дополнети и со 11 скока.

Кливленд продолжува со очајниот старт на сезоната запишувајќи го и петтиот пораз, сега од Индијана со 124-107. Иако Леброн Џејмс беше најефикасен во редовите на Кливленд со „даб-дабл“ ефект од 33 поени и 11 асистенции, сепак не успеа да помогне да се спасат од поразот. Кај Индијана најефикасни беа Јанг со 26 поени и Колинс со 25 поени.

Во останатите мечеви Денвер го победи Торонто со 129-111, Мемфис загуби од Орландо со 99-101, а Њу Орлеанс пред своите навивачи беше поразен од Минесота со 98-104.

Во победничкиот тим на Минесота најефикасен беше Батлер со 23 поени, а Вигинс постигна 18 поени. Кај поразените, Демаркус Казинс постигна 35 поени плус и 9 скока.

Се вчитува...