Хјустон и Јута на победа до полуфинале во конференцијата

Хјустон и Јута славеа победи во синоќешните дуели од НБА плеј-оф разигрувањето па сега поведоа со 3-1 во сериите против Минесота односно Оклахома.

Хјустон како гостин славеше против Минесота со 100-119 во меч во кој прашањето на победникот беше решено во третиот период во кој Рокитс беа неверојатно постигнувајќи дури 50 поени, и направија разлика од 20-50.

Најефикасен на мечот беше Џејмс Харден со 36 поени, а го следеше Крис Пол со 25 поени и по шест скока и асистенции. Кај Минесота најдобар беше Таунс со 22 поени и 15 скока.

Рутинска победа славеше Јута која на свој паркет беше подобра од Оклахома со 113-96. Домашните губеа по првата четвртина, но се успеаја да променат во продолжението па веќе до полувреме имаа предност (58-52).

Мичел со 33 поени ја носеше Јута до победата, додека кај Оклахома се издвои Џорџ со 32 поени. Вестбрук мечот го заврши со 23 поени и 14 скока.

Петтиот меч во серијата се игра на 26. април а домаќин ќе биде Оклахома, која повеќе нема право на кикс.

Се вчитува...