Хјустон ја искористи лошата ноќ на Голден стејт, за израмнување во финалето на Западот

Кошаркарите на Хјустон славеа како гости против Голден стејт со 92-95 за израмнување на 2-2 во финалната серија од Западната конференција во НБА лигата.

Почетокот на мечот не ветуваше многу за Хјустон, Голден стејт влезе во пресметката со серија од 12-0. Предноста Вориорс ја чуваа низ првиот период стигнувајќи на крајот до 28-19. Но, Хјустон возврати во вториот период, решавајќи ги во своја корист од 18-34 и го презема водството на полувремето (46-53).

Стеф Кари кај Голден стејт се разбуди во третата четвртина носејќи ги домашните пред последната четвртина до предност од 80-70. За да сепак Хјустон со комплетен пресврт во финишот дојде до заслужена победа.

Најефикасен во синоќешната победа беше Џејмс Харден со 30 поени а Крис Пол дополни со 27 поени, додека на другата страна Стеф Кари запиша 28 поени, а Кевин Дурант – 27 поени.

Се вчитува...