Хјустон на чекор од НБА финале, се повреди Крис Пол

Хјустон славеше против Голден стејт во петтиот меч од финалето на Западната конференција со 98-94 па поведе со 3-2 во серијата.

Хјустон подобро го почна мечот, па пред домашната публика стигна до предност и од +11 поени, но во вториот период Голден стејт се врати во игра и на полувреме се замина со 45-45. Вориорс кратко поведоа во третиот период, но тогаш Крис Пол го презема водството на Хјустон и благодарение само на него домашниот тим не дозволи на актуелните шампиони да се одлепат.

По огромна битка во последната четвртина, Хјустон на крајот стигна до триумф од 98-94. Но, голем хендикеп за Хјустон е повредата на Крис Пол на кого страдаше задната ложа. Првите впечатоци се дека повредата воопшто не е наивна, па прашање е дали Крис Пол ќе може да се врати за следните натпревари до крајот на сезоната.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гордон со 24 поени, додека Крис Пол заврши со 20 поени, 7 скока и 6 асистенции. На спротивната страна Кевин Дурант постигна 29 поени, додека Клеј Томпсон заврши со 23 поени а Стеф Кари со 22 поени.

Следниот шестти меч се игра недела наутро. Хјустон ќе има шанса да дојде до НБА финале, првпат по 23 години!

Се вчитува...